Во Сараево уапсен е 27-годишниот А.Х. под сонмневање дека претепал и нанел тешки телесни повреди на 17-годишен мигрант од Либија, соопшти сараевската полиција.
Уапсениот на 28 август, по полноќ, во Сараево, нанел тешки телесни повреди на државјанин на Либија, кој е згрижен и задржан во болница.
Полицијата работи на расветлување на инцидентот.