Бегалец од Сирија, со нож, смртно ја повредил неговата сопруга во бегалскиот камп Лаврио во близина на Атина, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Според истите информации, инцидентот се случил синоќа, жената по инцидентот веднаш била пренесена во болница, каде што лекарите констатирале смрт, додека пак нејзиниот сопруг побегал и полицијата трага по него, јави дописничката на МИА од Атина.