Регион 04. декември 2018. / 13:41

Мицотакис: Заев има причина да слави за Договорот од Преспа

Мицотакис: Заев има причина да слави за Договорот од Преспа

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, денеска се приклучи кон критиките на претседателот Павлопулос упатени на адреса на македонската влада и премиерот Заев.

Во денешната изјава Мицотакис рече дека предупредувањата упатени од нив до власта се оствариле, односно дека признавањето на македонски јазик во Договорото од Преспа „ја отвора Пандорината кутија во која се сместени иридентистичките ставови на Скопје“.

– Заев има причина да слави за тоа што го постигна со Договорот. – оценува Мицотакис, упатувајќи критики за молкот од грчката влада по изјавата на македонскиот премиер дадена викендов, а во која се вели дека Македонците во северна Грција ќе имаат право да го изучуваат македонскиот јазик.

Лидерот на Нова демократија го повтори својот став дека нејзините пратеници нема да гласаат за поддршка на Договорот кога тој ќе дојде на усвојување во грчкото собрание.