Регион 14. ноември 2020. / 22:15

Мицотакис: Во наши раце е да ги почитуваме мерките и да славиме Божиќ со отворени цркви

Мицотакис: Во наши раце е да ги почитуваме мерките и да славиме Божиќ со отворени цркви

Оптимизам дека почитувањето на здравствените правила и подобрувањето на епидемиолошката слика во земјата ќе дозволат прослава на Божик во поинаква средина, му изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос на нивната денешна средба.

Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис го известил поглаварот на ГПЦ за текот на епидемијата и за преземените мерки.

Во наши раце е да ги почитуваме мерките и да славиме Божик со отворени цркви, истакна Мицотакис.

– Сите имаме одговорност, рече архиепископот Јеронимос и додаде дека за да ги заштитат луѓето и јавното здравје, за да може да го слават Божик храмовите.

Според медиумите во Грција, Светиот Синод на Грчката православна црква минатата седмица испратила писмо до Мицотакис, потпишано од архиепископот Јеронимос, во кое, меѓу другото се бара црквите да бидат отворени за божиќните празници.