Регион 28. јули 2020. / 10:34

Мицотакис со порака до граѓаните: Опасноста од корона вирусот не е помината

Мицотакис со порака до граѓаните: Опасноста од корона вирусот не е помината

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку социјалните мрежи порача дека сите заедно во Грција успешно се справиле со првиот бран на Ковид-19, но дека опасноста не е помината.

Објавувајќи ново видео со совети за заштита од корона вирусот, Мицотакис им порача на граѓаните дека не треба сега, кога е лето, да заборават на превентивните мерки, особено во време кога Грција постепено се отвора за посетители.

Опасноста од корона вирусот е се уште тука. И сега кога постепено ја отвораме Грција за посетители, треба да внимаваме уште повеќе. Веќе сите ги знаеме мерките на заштита од корона вирусот, но лесно е да се заборавиме. Ова не смееме да дозволиме да се случи – е дел од пораката во видеото со информативни совети, што Мицотакис го сподели на социјалните мрежи.