Регион 01. април 2020. / 15:43

Мицотакис смета дека април ќе биде клучниот месец во борбата со корона вирусот

Мицотакис смета дека април ќе биде клучниот месец во борбата со корона вирусот

На почетокот на состанокот со надлежните за програма од општините за помош на ранливите групи граѓани, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во однос на ситуацијата со корона вирусот во земјата изјави дека април ќе биде клучен месец и покрај тоа што, како што истакна, Грција се справува со кризата подобро од другите земји.

Мицотакис ја истакна важноста од спроведувањето на досегашните мерки, нагласувајќи дека е потребно и оние кои не ги почитуваат да сфатат дека на тој начин го ставаат во опасност не само нивното здравје, туку и здравјето на луѓето кои ги сакаат.

Премиерот потенцира дека доколку Владата оцени оти треба да интервенира за мерките да станат построги, тогаш и ќе го стори тоа.