Регион 20. мај 2020. / 12:39

Мицотакис попладнево ќе го соопшти владиниот план за туризмот

Мицотакис попладнево ќе го соопшти владиниот план за туризмот

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во 18 часот по локално време ќе го соопшти владиниот план за туризмот и економијата, а веднаш потоа, надлежните министри ќе ги објаснат деталите, јави дописничката на МИА од Атина.

По телевизиската порака на Мицотакис, министрите за финансии, развој и инвестиции, за труд и социјални работи и за туризам ќе ги презентираат сите аспекти на планот.

Според грчките медиуми, освен правилата и протоколите за патување, се очекува грчкиот премиер да соопшти и намалување на ДДВ-то во угостителските услуги, како и на хотелското сместување.

„Катимерини“ вчера објави дека за туристите нема да биде потребен ниту тест, ниту карантина за патувањето во Грција.