Откако грчката Влада објави дека туристичката сезона во земјата официјално се отвора на 15 јуни, Грција објави дека ќе им понуди на туристите поповолни билети за авионски летови, билети за траекти и за автобуси.
Истовремено, премиерот Кирјакос Мицотакис истакна дека цените на пијалаците, на кафето, па дури и билетите на кино на отворено ќе бидат пониски во однос на минатата година.
Сезоната ќе почне на 15 јуни и тогаш ќе можат да се отворат хотелите. И од 1 јули, директните меѓународни летови постепено ќе почнат да патуваат кон нашите туристички дестинации – истакнува Мицотакис.