Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на посетата на Музејот на жртвите на нацизмот во Дистомо, рече дека национален залог е да се елиминираат новите верзии на нацизмот, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис исто така, истакнал дека првата битка е добиена од моментот кога грчкиот народ одлучи Златна зора да не влезе во Парламентот на изборите во јули годинава.