Регион 31. август 2019. / 17:57

Мицотакис ќе ги префрла мигрантите од островите

Мицотакис ќе ги префрла мигрантите од островите

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис и неговите советници за национална безбедност денеска донесоа одлука мигрантите да ги префрлат на копното во Грција, од полните кампови на островите.

Покрај тоа, донесена е одлука да се забрза процесот на депортација на азилантите чиишто барања се одбиени и да им биде укинато правото на жалба, пренесе „АП“.

Ќе биде зголемен и надзорот на границите, а активиран ќе биде и поморскиот систем за набљудување, што претходната грчка влада го немаше активирано.