Регион 20. октомври 2018. / 15:06

Мицотакис: Единствен начин да се спречи ратификацијата на Договорот од Преспа е избори

Мицотакис: Единствен начин да се спречи ратификацијата на Договорот од Преспа е избори

Единствениот начин да се спречи ратификацијата на Преспанскиот договор со ФИРОМ е да се одржат избори пред да биде доставена спогодбата во парламентот, изјави денеска лиерот на опозициската Неа демократија (НД), Киријакос Мицотакис, ставајќи уште еднаш до знаење дека неговата партија нема да гласа за тоа.

„Од првиот момент појаснивме дека НД нема да го ратификува договорот или сега или во идниот парламент, бидејќи сметаме дека тоа е штетно за националните интереси, бидејќи за прв пат ‘македонските“ јазик и етничка припадност им се доделуваат на соседите.

На избори, на граѓаните на Грција ќе им биде дадена можност да го оценат договорот со соседната земја, името и целокупниот проект на владата, изјави Мицотакис.

Тој, исто така, коментираше дека вчерашната слика на соседната земја за време на подготовките за првото гласање „не е во согласност со имиџот на земја која очекува да влезе во големото европско семејство“.