Регион 04. ноември 2019. / 09:51

Метју Палмер во посета на Белград

Метју Палмер во посета на Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград ќе се сретне со американскиот специјален претставник за Западен Балкан, Метју Палмер.

Предвидено е Вучиќ денеска заедно со премиерката Ана Брнабиќ да се сретнат и со специјалниот пратеник на претседателот на САД, Ричард Гренел.

Палмер пред посетата на Белград, ги посети Скопје и Приштина при што наведе дека Косово не може да биде изоставено од трајното решение за Балканот, како и дека решавањето на „односите помеѓу Косово и Србија“ остануваат стратешки приоритет на САД.