Регион 24. септември 2019. / 16:39

Меркел до Вучиќ: Ќе разговарате со Приштина сè додека не се најде решение

Меркел до Вучиќ: Ќе разговарате со Приштина сè додека не се најде решение

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја вложи сета своја енергија, труд и сила за да се сочува мирот и стабилноста во Европа и поради тоа бара да се разговара сè додека не се пронајде решение за косовското прашање, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со Меркел во Њујорк.

– Да се разговара и разговара сè додека не се најде некое решение, е пораката од Меркел која Вучиќ им ја пренесе на новинарите. – пренесува Танјуг.

Истакнувајќи дека Германија сака стабилност на долг рок, Вучиќ оцени дека разговорот со Меркел бил добар и коректен и се однесувал на текот на настаните кои следуваат и како нештата треба да изгледаат откако ќе се формира влада во Приштина.

– Нема никакво сомнение дека Европа сака решавање на проблемите на Западен Балкан и оти Германија, како водечка сила, истото го посакува и на тоа инсистира. – констатира Вучиќ.