Во семејна куќа во населбата Горица во Требиње маж со иницијали С.М. се заканува дека ќе ги убие своите две деца доколку сопругата не му се врати дома, соопшти полициската управа од Требиње, пишува Курир.рс.
Формиран е преговарачки тим кој моментално разговара со таткото. Во кругот од половина километар околу куќата се наоѓаат голем број припадници на полициајта, а на новинарите им е забранет пристапот.
Како што изјави Јована Цвијетиќ, портпарол на Полициската управа Требиње, преговарачкиот тим е на самото место.
„Преговорите траат два часа, формиран е оперативен штаб во ПУ Требиње и преговарачки тим на самото место. Таткото на двете деца ги држи заробени и се заканува дека ќе се разнесе и себеси и нив доколку сопругата не му се врати“, изјави портпаролката Цвијетиќ.