Регион 15. декември 2020. / 15:12

Масовни тестирања од следната недела во Словенија

Масовни тестирања од следната недела во Словенија

Словенечкиот министер за здравство Томаж Гантер најави денеска дека првите доброволни масовни тестирања ќе почнат веќе од следната недела, пред божиќните празници, а од почетокот на следната година тестирањето ќе биде достапно и до граѓаните.

Гантер објасни дека околу 60 брзи тестови ќе се направат во еден час, како и дека тестирањата ќе се спроведуваат по десет часа дневно.

Кога ќе бидат подготвени најавените 100 единици за брзо тестирање, масовните доброволни тестирања ќе бидат овозможени низ Словенија.