Регион 07. јануари 2020. / 14:45

Македонски државјанин во автомобил со швајцарски таблички возел 251 км/ч на автопат во Хрватска

Македонски државјанин во автомобил со швајцарски таблички возел 251 км/ч на автопат во Хрватска

Државјанин на Македонија на автопатот кај Нова Градишка во Хрватска возел со брзина од 251 км/ч.

Како што објави „Индекс.хр“, 46-годишниот македонски државјанин возел автомобил со швајцарски регистерски таблички, а полицијата го застанала на делот од автопатот Брегана-Липовац.

На самото место, возачот добил парична казна, а му била изречена и заштитна мерка за забрана за управување со автомобил во рок од еден месец.

Видеото од дивеењето на автомобилот може да го погледнете на следниот ЛИНК.