Македонија ќе исрати два авиони за гаснење на пожарите во Грција. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски вели дека од синоќа се во постојан контакт со центрите во Грција, каде околината на Атина ја има зафатено огнена стигија каква што не се памети во изминативе десет години.
„Од утрово сме на координативна седница, се организираме за пожарите и понудивме помош. Чекаме повретен сигнал. Од утрово се спремни два авиони за гасење пожар. Екипите се спремни. Се очекува секој момент да тргнат“, вели Џаферовски за Макфакс.
Тој додава дека авионите за гаснење пожар се најбрз механизам. „Пожарникари нема да се испраќаат бидејќи станува збор за далечна дестинација. Доколку има потреба, ние ќе испратиме и теренски возила со пожарникари“, додава Џаферовски.
Најмалку 50 лица загинаа, а 150 се повредени во огнената стихија која што ја зафати околината на грчкиот главен град Атина. Меѓу жртвите има и деца.