Државјани на Македонија, Србија и на Црна Гора се уапсени во Украина поради напад врз шефот на најголемата црногорска мафијашка групација, Кавачкиот клан, Радоје Звицер. Лидерот на Кавачкиот клан вчера беше тешко ранет во центарот на Киев.
Како што сопшти украинската полиција, осомничените за нападот врз Звицер при апсењето пружиле отпор и се обиделе да побегнат, но на полицијата ги оневозможило во таа намера.
По испуканите истрели кон Звицер напаѓачите се обиделе да не остават ни трага поради што го запалиле автомобилот со којшто го извршиле нападот, што било забележено на една надзорна камера.