Регион 06. август 2018. / 22:02

Mајка на 6 деца паднала од велосипед и загинала – брзањето на работа ја чинело живот

Mајка на 6 деца паднала од велосипед и загинала – брзањето на работа ја чинело живот

Утринава околу 06:40 часот во населбата Мали Шандровац, во Хрватска, загина 50-годишната Антонија У.

„Некој панично довикуваше да донесам вода. Дотрчав со водата и ја видов сосетката Антонија, која без свест лежеше на асфалтот. Веднаш повикавме Брза помош, која дојде во рекорден рок. Медцинската сестра која работи во Домот за постари лица се обидуваше да ја реанимира, пред доаѓањето на Брзата помош, но за несреќната жена немаше спас“, раскажала 40-годишната метанка треперејќи од шок, пренесува 24sata.hr

Во нејзиниот двор останал велосипедот од кој Антонија паднала. Несреќната жена брзала за на работа, која ја добила пред нешто повеќе од еден месец. Зад неа оствила големо семејство – сопруг и шест деца.