Кај двајца холандски државјани со турско потекло при претрес на цариниците за излез од Србија откриени биле златен накит во вредност над 25 илјади долари и две грутки пресуван хашиш, соопшти во средата Царинската управа на Србија.
Прекршокот цариницте во соработка со полицијата го откриле на преминот Градина кон Бугарија откако патниците рекле дека освен личниот багаж немале ништо да пријават на царинската контрола.
– За време на личниот претрес кај 60-годишна патничка околу струкот е отркиен специјално направен платнен појас во кој биле сокриени 20 поголеми и мали златници и 9 нараквици, со вкупна тежина над 450 грама, велат од царината.
Во џебовите на нејзиниот 29-годишен син пронајдени се потоа две грутки пресуван хашиш. Криумчарениот златен накит е задржан до крајот на прекршочната постапка против патничката, а откриената дрога и најмладиот член на семејството го презела полицијата и обвинителството за понатамошна надлежност.