Две женски лица се уапсени за чедоморство во Бужим, БиХ, соопшти босанската полиција. Според неофицијалните информации на босанскиот портал „Кликс“, штотуку роденото бебе го усмртиле Е.Х. и нејзината малолетна ќерка Е.Л., која е родилката.
Злосторството се случило вчера наутро, а осомничените се предадени во Обвинителството, каде што ќе бидат сослушани од обвинител.
Извршена е обдукција на бебето.