Регион 22. октомври 2019. / 19:23

Мафијашка пресметка во Нови Сад – Застрелaн црногорски државјанин

Мафијашка пресметка во Нови Сад – Застрелaн црногорски државјанин

Мафијашка пресметка во која црногорскиот државјанин М.Б. (36) бил цел на оружен напад ги вознемири жителите на Нови Сад.

Инцидентот се случил кога непознат напаѓач го чекал 36-годишниот Црногорец пред излезот на кафуле што се наоѓа во близина на хотелот Шератон, по што од заседа пукал кон него.

По нападот, М.Б. добил прострелна рана во десната потколеница по што бил итно пренесен во Ургентниот центар во Нови Сад.