Во мафијашка пресметка во белградската населба Бежаниска коса, од заседа е убиен e 41-годишен маж додека во автомобилот бил со својата жена и дете.
Како што пишува, „Курир,рс“, жртвата е Марко В. од црногорскиот град Котор, кој неодамна пристигнал во Србија. Тој со тешки повреди бил пренесен во болница, каде што починал.
Според „Курир“, убиениот во својот автомобил со жената и детето, го чекал своето друго дете пред училиштето што се наоѓа во близина. Убиецот му пристапил одзади, стигнал до возачката врата и му пукал во главата.
Застреланиот со години работел како морнар на прекуокеански бродови. Според сознанијата на српски „Курир“, кои се повикуваат на оперативни информации на полицијата, убиениот бил вклучен во шверц на наркотици од Јужна Америка кон Европа.