Регион 07. февруари 2019. / 09:58

Лукашенко ја одобрил испораката на четири модернизирани авиони Миг 29 на војската на Србија

Лукашенко ја одобрил испораката на четири модернизирани авиони Миг 29 на војската на Србија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ја одобрил испораката на четири модернизирани авиони „Mиг 29“ на Војската на Србија. Така, нашата држава наскоро ќе има ескадрила од 14 вакви авиони, кои важат за едни од најдобрите во светот, пишува „Србија данас“.

Сите детели од меѓудржавната воено-техничка спогодба со Минск биле договорени, а српските офицери во Белорусија веќе ги избрале и авионите. Воздухопловите ќе бидат комплентно ремонтирани, по што треба да бидат префрлени во Србија. Соговорниците на „Србија данас“, воени и безбедносни стручњаци, очекуваат дека Србија со ескадрила од 14 „миг 29“ ќе биде лидер на небото во Западен Балкан.

– Како што од рускиот претседател Путин добивме подарок од шест „мигови“, за кои ги плаќаме само модернизацијата и оружјето, така и сега станува збор за поволен, братски аранжман со Белорусија. Сите четири авиони ќе бидат целосно ремонтирани, со што векот на траење ќе им биде значително продолжен. Секако, и овие авиони со тоа ќе се најдат во класата „четири плус“, како што се случи и со претходните што ги добивме од Русија – нaведува еден од соговорниците.