Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Сомбор, го уапсиле Н.Ј. (1993) од Оџак, Северна Србија, поради сомнеж дека извршил кривично дело – убиство.
“Се сомневаме дека вечерта помеѓу 8-ми и 9-ти септември, тој бил во атарот Оџак, каде ловел диви свињи. Испукал повеќе куршуми, а два од нив погодиле 40-годишен маж. Поради повредите, мажот починал на лице место”, пишува во соопштението.
После налогот од надлежното обвинителство, на осомничениот му е одреден притвор од 48 часа и заедно со кривичната пријава е приведен.