По 12 години прв пат граѓаните на Мостар избираат нова локална власт во градот, што е симбол на длабоки етнички поделби во БиХ, 25 години по војната.
Се бираат 35 советници во градскиот совет,како и нов градоначалник. Според изборните рпавила за Мостар, градоначалникот се избира со двотретинско мнозинство од 35 советници во градскиот совет.
-Актуелниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни против воведувањето строги ограничувачки мерки во земјата поради ширењето на коронавирусот. Не сакаме строги ресткрции. Решението на проблемот не смее да биде полошо од самиот проблем!, напиша тој на својот профил на Твитер.
САД се на првото место во светот по вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19, но и по бројот на смртни случаи од инфекцијата.
Најновата руска нуклеарна подморница „Казањ“ беше успешно тестирана и ја погоди целта во Белото Море со противбродска крстосувачка ракета „Оникс“, соопшти руската Северна флота.
Покрај Оникс друго главно оружје на подморницата „Казањ“ е ракетата Калибар.