Невремето, што ја зафати јужна Србија откорна дел од лимениот покрив од зградата на полицијата во Врање.
Голем дел со површина од неколку квардатни метри падна на патот и оштети неколку автомобили, но нема повредени, јави „Врањењуз“
Pao deo krova sa zgrade u Kralja Milana #Vranje #nevreme https://t.co/AaJT0vGTKV via @VomMagazin
— Vranjski Online Magazin (@VomMagazin) February 11, 2020
Сообраќајот во околината на зградата беше во прекин.
Силниот ветер откорна и покрив на ресторан во Брестовац. Нема повредени затоа што во моментот на несреќата, како што дознава „ЈугМедија“, никој не бил во кафеаната.
Во текот на минатата ноќ силниот ветер однесе и дел од покривот од Здравствениот дом во Лебане, но прегледите продолжија во текот на денот нормално.