Председавачот со ОБСЕ, Мирослав Лајчак, изјави дека БиХ мора да го задржи принципор дека еден народ не може да биде прегласан и исфрлен од игра зашто тоа би било опасно за земјата, пренесува „Спутник“.
Ако сакате да ја зачувате БиХ, еден народ не може да биде прегласан и и исфрлен од игра“, рече Лајчак.
Лајчак нагласи дека е поминато времето кога одлукитее наместо политичарите во БиХ го носеше меѓународната заедница и истакна дека целта не е продолжување на некаков меѓународен протекторат туку да се помогне БиХ да стане целосно самостојна.
Словачкиот шеф на дипломатиа изјави за „Вечерњи лист“ дека во овие сфери е постигнат успех кога САД и ЕУ нашле заеднички јазик и настапиле координирано.
Тој смета дека е добар сигнал именувањето на Метју Палмер за специјален американски претставник за Западен Балкан зашто САД имаат авторитет во овој регион.
Од друга страна, ни американскиот пратеник не може да понуди ништо подобро од европската перспектива, така што именувањето на Палмер го доживува, како еден импулс за ЕУ повеќе да се активира, посочи Лајчак.