Регион 05. февруари 2020. / 10:01

Курти: Србија не може да добие нешто од Косово, загуби се за време на Слободан Милошевиќ

Курти: Србија не може да добие нешто од Косово, загуби се за време на Слободан Милошевиќ

Новиот косовски премиер Албин Курти вели дека не може да има договор со Србија доколку ставот на српскиот претседател Александандар Вучиќ е дека и Белград треба да добие нешто.

Ние не сме тука за да компензираме апетити, туку да лечиме рани. Со еден таков однос не гледам дека можеме да постигнеме спогодба, туку заедно со западните држави можеме да создадеме контекст во кој може да се најде решение – порача Курти во интервју за државната телевизија „РТК“.

Истовремено, Курти порача и дека српската држава нема што да бара во Косово, кое, според него, Србија никогаш не го поседувала суштински, а дефинитивно го загубила за време на Слободан Милошевиќ.