Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска во Приштина изјави дека Виена го поддржува секој мировен договор кој би го поддржале Србија и Косово, не исклучувајќи ги опциите за менување на границите. Сепак, тој не го криеше својот скептицизам во врска со формирањето на косовската армија и визната либерализација. Во меѓувреме, косовскиот претседател Хашим Тачи рече дека дијалогот со Србија треба да продолжи се додека не се постигне сеопфатен договор кој, според него, ќе донесе меѓусебно признавање и членство на Косово во Обединетите нации.
„Австриската влада се согласува со било каков договор постигнат меѓу Приштина и Белград. Ние сме убедени дека ако успеат да постигнат договор никој нема да биде против тоа. Дури и ако тоа е корекција на границите и размена на територии, ние тоа ќе го поддржиме.“Изјави, Себастијан Курц, австриски канцелар
„Косово останува посветено на договор со Србија. Убеден сум дека заемниот договор ќе донесе мир и стабилност на целиот Западен Балкан.“ Изјави, Себастијан Курц, австриски канцелар