Неверојатната сторија за куче од Мати, местото кое беше најмногу погодено од катастрофалните пожари во Грција стана хит на социјалните мрежи во Грција, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.
Кучето успеало да се спаси, засолнувајќи се во надворешна печка, а било пронајдено од волонтери кои трагаат по преживеани животни.
Кучето е во добра состојба, а активисти за заштита на животните ги бараат неговите сопственици.