Регион 10. јануари 2021. / 22:14

Крвава пресметка помеѓу две групи мигранти во Белград: Две лица тешко повредени

Крвава пресметка помеѓу две групи мигранти во Белград: Две лица тешко повредени

Крвав судир меѓу две групи мигранти се случил вечерва на плоштадот Сава, пренесе „Телеграф.рс“.

Во инцидентот се повредени двајца мигранти.

Според информациите на порталот, едниот од мигрантите се здобил со повреди на главата, а другиот бил прободен двапати во пределот на стомакот.

Брзата помош ги пренела повредените во Ургентниот центар.