Регион 01. ноември 2019. / 13:58

Крвава драма во Сараево: Со нож го избодел помалиот брат и тоа пред очите на нивната мајка

Крвава драма во Сараево: Со нож го избодел помалиот брат и тоа пред очите на нивната мајка

Крвава драма се одиграла во Сараево откако Велид Алагиќ, наводно во психичко растројство со нож го избодел брата си Армин. За настанот да биде уште поужасен, целата случка се одиграла пред очите на нивната мајка.

Велид со нож го избодел брата си три пати, во стомакот и белите дробови. Кога сфатил што направил тој побегнал, а целата случка ја видела и мајка на неговиот пријател, која не знаејќи што да направи, го викнала Велид на кафе.

Откако полицијата пристигнала, најпрвин го уапсила пријателот на Велид, Аолмир, бидејќи мислелел дека го штити, но откако е испрашан пуштен е на слобода.

Велид е уапсен и одреден му е притвор за обид за убиство. Неговиот помал брат Алмир, бил пренесен во болница со тешки повреди каде е задржан на лекување.

Инаку Велид во неколку наврати одел на лекување, а соседите велат дека во последните денови му се влошила состојбата и дека тешко го поднел губењето на неговиот татко.