Регион

Крв во Атина: Протести пред Американската амбасада, се обидоа да го рушат споменикот на Труман

Крв во Атина: Протести пред Американската амбасада, се обидоа да го рушат споменикот на Труман

Група поддржувачи на Комунистичката партија се обиде денес да ја сруши статуата на американскиот претседател Хари Труман во центарот на Атина за време на протестите поради воздушните удари на САД, Франција и Британија во Сирија.

Демонстратите се судрија со полицијата која употреби солзавец да ги растера, јави Ројтерс, повикувајќи се на сведоци. Најмалку тројца демонстранти се повредени, додаа британската агенција.

На протестот се собрале неколку стотина поддржувачи на Комунистичката партија. Агенцијата АНА, повикувајќи се на податоци од полицијата, известува дека две лица се приведени, а едно лице е повредено на протестот.