Регион 04. март 2020. / 20:38

Крузер со 2000 патници во карантин во Грција

Крузер со 2000 патници во карантин во Грција

Крузерот МСЦ Опера со 2.000 патници е ставен во карантин во близина на грчкиот брег, откако беше откриено дека пред две недели на него престојувал турист позитивен на новиот корона вирус.

На сите патници им било речено да останат на крузерот, откако итно биле повикани од излет во Атина, поради, како што им било кажано,безбедносни проблеми, пишува британскиот весник „Сан“.

Во писмото до патниците на капетанот Питер Еспозито се наведува дека тој штотуку дознал и сакал веднаш да знаат дека им се обратиле австриските здравствени власти, кои ги информирале дека минатата недела на бродот бил патник кај кој е утврдено присуство на Ковид-19.

Мажот е од Австрија а го напуштил бродот во Џенова на 28 февруари.

По комуникацијата со грчките здравствени власти на крузерот му било дозволено да го продолжи патувањето кон островот Крф.