Според Стопанската комора на Словенија прометот на трговците во Словенија оваа година ќе биде околу 20 отсто понизок во споредба со минатата.
Пресметките на Комората покажуваат дека наместо предвидените 32 милијарди евра промет, оваа години тој ќе се движи меѓу 25 и 26 милијарди.
Претседателот на Стопанската комара, Марича Лах, оцени дека е потребно што поголем број продавници да бидат отворени, а притоа да се земе примерот од Австрија, каде дозволената дистанца меѓу луѓето во трговските објекти е намалено од два на еден метар.
Убедена сум дека здравствената криза остави длабоки последици во потрошувачките навики на Словенците. Однесувањето на купувачите сега е повеќе рационалнo, воздржанo и штедливo – изјави Лах.
Од Комората сметаат дека поради епидемијата на корона вирусот се случил брз развој кај интернет трговијата и дека се повеќе граѓани преферираат да купуваат преку интернет. избегнувајќи го традиционалното одење во продавница.