Регион 15. април 2018. / 11:11

Кривична за српска државјанка која одела на гости во куќи во Гостивар, крадела злато и го продавала

Кривична за српска државјанка која одела на гости во куќи во Гостивар, крадела злато и го продавала

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против К.З.Б. (32) од Белград, Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „кражба“.

На 09.04.2018 година во 14.00 часот во Гостивар, во куќата на М.Д.(30), каде пријавената била на гости,одзела златен накит. Настанот бил пријавен, а златото биле пронајдено и К.З.Б. била лишена од слобода.

Исто така, на 04.12.2017 година, додека пријавената била на гости кај М.Д., одзела златен накит, кој потоа го продала во продавница за откуп на злато во Белград.

Во ноември 2017 година во с. Ново Село, гостиварско, во куќата на В.Д. (55), додека пријавената била на гости, во згодна прилика одзела златен накит и го продала во продавница за откуп на злато во Белград.

Со извршените кражби пријавената предизвикала вкупна материјална штета од 570.000 денари.