Регион 27. септември 2018. / 13:28

Крај на туристичката сезона: Падна снег во Грција

Крај на туристичката сезона: Падна снег во Грција

Не е необично во Грција да падне снег, но годинава дошол многу рано, во септември, кога летувалиштата се полни. Грчките медиуми јавуваат дека побелеле врвовите на Олимп над надморска висина од 2.600 метри.

Во овој период, кај јужниот сосед се уште пристигнуваат туристи за летен одмор иако температурите се некаде околу 19 степени а навечер се спуштаат и под 10 степени, што значи дека е релативно свежо и воопшто не одговара за капење.