Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека Србија нема да вложи протест против Франција поради истакнувањето на косовското знаме на Богородичата црква во Париз, а причина за тоа е најавената посета на францускиот претседател, Емануел Макрон, на Белград.
– Имајќи ја предвид претстојната посета на Макрон, што е прва посета на француски претседател на Србија по 18 години, моето мсилење е дека за тоа ќе треба да се разговара – изјави Дачиќ за ,,Политика”.
Тој истакнувањето на косовското знаме во Нотр Дам го оцени како ,,генерално голем скандал затоа што не постои воена парада на која учествуваат и поразените”.
– Ние тоа не можеме да го спречиме, но можеме да имаме подобри односи со Париз и затоа претстојната посета на Макрон е исклучително важна – рече Дачиќ.