Најмалку 25 косовски службеници од Централната изборна комисија се однесени во болница поради здравствени проблеми откако отвориле 5 гласачки кутии од Србија, соопштија косовските власти, пишува Радио Слободна Европа.Тие соопштија дека процесот на верификација на гласовите кои пристигнале преку пошта од Србија како дел од предвремените парламентарни избори во Косово, е прекинат поради овој настан.
Претставникот на Изборната комисија Бесник Бужала за Радио Слободна Европа, изјави дека засега се врши контрола на местото на настанот и дека се уште не знаат што ќе излезе на крај. Од косовската полиција велат дека еден од службениците се пожалил на силна алергиска реакција на раката веднаш по отворање на еден од пликоата кои пристигнале од Србија.
Локалните медиуми јавуваат дека службениците се пожалиле на алергиски реакции и проблеми со кожата по отворањето на гласачките кутии.
Вонредните парламентарни избори беа одржани на 6- ти октомври.