Регион 07. февруари 2020. / 14:00

Косовски премиер Курти го исфрли знамето на Албанија од својот кабинет

Косовски премиер Курти го исфрли знамето на Албанија од својот кабинет

Иако досега интервјуата и настапите пред јавноста секогаш ги објавуваше со албанското државно знаме покрај себе, новиот премиер на Косово, Албин Курти, изгледа дека ја промени ваквата практика. Тој во интервју кое синоќа го објави Гласот на Америка, во неговиот кабинет, беше само знамето на Косово.

Албин Курти е познат како политичар кој често истакнуваше дека не ги признава косовските симболи, а во кабинетот на неговата партија секојпат стоеше само албанското знаме.

За време на состаноците со странските амбасадори тоа посебно беше видливо, што секојпат беше протолкувано како дипломатски скандал, пишува Косово онлајн.

Пред неколку дена во Собранието на Косово, заради непочитување на косовските симболи јавно го критикуваше и Фатмир Љимај, поранешниот командант на ОВК и пратеник во косовскиот парламент.

– Историјата на Косово не почнува со вас, Албине, но не и со нас, Косово има долга традиција, почитувајте ги другите и почитувајте ја традицијата на Косово, рече Љимај.

Курти, очигледно, го промени ставот, па сега функцијата премиер прифаќа да ја уважи со официјални обележја.