Регион 17. мај 2020. / 18:47

Косовски политичар најавува размена на територии меѓу Косово и Србија!

Косовски политичар најавува размена на територии меѓу Косово и Србија!

Потпретседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Лутфи Хазири, изјави дека, доколку тој бил премиер, тој би се согласил на размена на територии.

Тој би дал 17 села во околината на Лепосавиќ и Зубин Поток во замена за Прешево, Медвеѓа и Бујановац, пренесува Косово онлајн.

Според него, по Втората светска војна, овие 17 села биле придодадени на Косово, додека Прешево, Бујановац и Медведеѓа припаднале на округот Врање.

Селата во Лепосавиќ, Зубин Поток, се српски – нема Албанци… Тоа е демаркација , техничка корекција на границата, дури не може да се нарече промена на границата, рече Хазири за „Репортери“.

Тој оцени дека „Србија не го сака само северот на Косово, туку целото Косово“. (Б92)