Регион 29. февруари 2020. / 11:45

Косовската Влада расправа за владината програма за зимски центар на Шар Планина

Косовската Влада расправа за владината програма за зимски центар на Шар Планина

Владата на Косово се собира во планинскиот центар Превала на Шар Планина, на работен состанок на кој ќе ја хармонизира сопствената програма.

Ова е прва седница од ваков вид на кабинетот на Албин Курти.

Во Превала, во близина на зимскиот центар Брезовица, утрово пристигнаа Курти, вицепремиерите Авдулах Хоти и Хаки Абази, како и неколку други министри.

Ниеден од членовите на владата не прифати да зборува за медиумите, но претходно вицепремиерот Авдула Хоти преку својот Фејсбук информира дека на Шар Планина ќе се расправа за програмата за работа на владината коалиција.

Денеска на работна средба на Шара со целиот владин кабинет, на расправа за Програмата на владата 2020-2023. Во оваа програма целосно се одразува коалицискиот договор, каде што се специфицирани мерките кои ќе ги преземеме за зголемување на вработеноста, за сеопфатна социјална грижа, за квалитетно образование и здравство, ред и закон за сите, поддршка за земјоделството, силна дипломатија, грижа за нашето иселеништво и други прашања, напиша Хоти.