Регион 07. ноември 2018. / 14:54

Косовската влада не планира да ги укине царините за производите од Србија и Босна

Косовската влада не планира да ги укине царините за производите од Србија и Босна

Косовската влада соопшти дека не планира да ја повлече одлуката за воведувањето на такси од 10 проценти за увоз на роба од Србија и Босна и Херцеговина.

Портпаролката на владата, Доњета Гаши рече дека косовската влада е овластена да носи вакви одлуки и дека слични одлуки донеле и други земји членки на ЦЕФТА.

Косовската царинска служба од денеска почна да ја применува одлуката.

Претходно Европската Унија побара од Косово да ја отповика мерката, а Србија најави прекин на преговорите за стабилизирање на односите со Приштина додека не се укинат новите давачки.