Регион 09. октомври 2019. / 12:43

(ВИДЕО) Косовската полиција не ги пушти фудбалерите на Црвена Sвезда да влезат во Косово

(ВИДЕО) Косовската полиција не ги пушти фудбалерите на Црвена Sвезда да влезат во Косово

Генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ со приватен автомобил ја предводеше делегацијата на клубот до границата со Косово, а зад џипот беше автобусот со фудбалерите на српскиот шампион.

Сепак, Србите имале забрана за влез на косовска територија, а тоа го потврди и генералниот директор.

Имаме забрана за влегување на територија на Косово, причината не ја знаеме. Забраната е од Владата на Косово, откри Терзиќ за медиумите.

Фудбалерите на Ц. Звезда треба да одиграат меч во Косово во српскиот Куп со Трепча.

Видеото можете да го погледнете тука.

Фото: B92