Регион 28. август 2018. / 13:24

Косовската опозиција се подготвува за протести: Преговорите за косовската територија се против Уставот

Косовската опозиција се подготвува за протести: Преговорите за косовската територија се против Уставот

Највлијателниот опозициски Демократски сојуз на Косово порачува дека нема да дозволи било какви договори на штета на косовската тероторија, а Самоопределување со истиот мотив најавува протести.

-Преговорите за косовската тероторија се противуставни и кој што сака да им се придружи на таквите игри ќе сноси уставна и политичка одговорност. Ќе ги координираме акциите во парламентот за да го спречиме претседателот да ја доведе во прашање сувереноста на Косово и територијалниот интегритет, се наведува во соопштението на оваа партија, пренесува приштинска Епока.

Самоопределување соопшти дека ќе организира протести во Приштина во очи или во текот на одржувањето на наредниот состанок помеѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателот на Косово Хашим Тачи, во Брисел на 7 септември.

Целта на протестот е да се спречи иницијативата за корекција на границите, односно размена на територии.