Регион 03. декември 2018. / 13:08

Косово: Соломонските острови го повлекоа признавањето на Косово

Косово: Соломонските острови го повлекоа признавањето на Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ потврди дека Соломонските острови се 11 земја која го повлекла признавањето на косовската независност.

Додаде дека Приштина нема основа да ја демантира информацијата.

Дачиќ пред новинарите истакна дека имајќи ја в предвид ситуацијата во односите помеѓу Белград и Приштина, не сакал дополнително да предизвика нова нестабилност, па затоа повлекувањето на признавањето не било објавено порано.