Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека веќе од денеска ќе ги анализира препораките, а потоа и ќе донесе одлука за укинување на таксите за увоз на роба од Србија и воведување реципрочни мерки кои за цел ќе имаат заштита на локалните произведучи.
– Не сме за такси како казнена мерка кон потрошувачите туку за реципроцитет како заштита на произведувачите. Производите произведени на Косово кои се подложни на нелојалната пракска и конкуренција ќе бидат заштитени, изјави Курти и додаде дека веќе денеска ќе ги анализира препораките и ќе донесе одлука за укинување на таксите и воспоставување рреципрочни мерки.
Косово кон крајот на 2018 година воведе такси од 100 отсто на робата која се увезува од Србија и Босна и Херцеговина, како мерка на заштита на домашното производство, што предизвика остри реакции во регионот и дел од меѓународната заедница.