Шефот на кабинетот на косовскиот премиер Авни Арифи напомена дека постои можност привремено да се суспендираат таксите на производи од Србија и БиХ, пренесе Б92.
Тој, во гостувањето во емисијата „Рубикон“ на КТВ, повтори дека владата на Косово го задржува ставот кој го изнесе косовскиот премиер Рамуш Харадинај, дека таксите од 100 отсто остануваат, но додаде дека може привремено, на ограничен период, да се суспендираат, за Косово и Србија да ги интензивираат разговорите за постигнување на конечен договор.
-Постои еден претходно кажан модалитет дека ако направиме брз формат на разговорите, тогаш можеме да се откажеме од таксите. На пример, ако е започнат интензивен формат на разговори. Оваа позиција е јавна и се спомнува од страна на премиерот и претседателот на косовското Собрание. – рече Арифи и додаде дека Приштина не ја интересира да оди во Брисел и да се фотографира, туку да се стигне до конечно решение.