Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли објави дека идната недела ќе се отвори амбасада на Косово во Тајланд, во југоисточна Азија.
Шефот на дипломатијата во косовската влада во оставка за телевизијата Клан Косова изјави дека дипломатското претставништво во Бангкок ќе биде отворено на 22 декември.
– На 16 декември го инаугуриравме генералниот конзулат во Хамбург (Германија), а на 22 декември ќе отвориме амбасасада во Тајланд – изјави Пацоли.